Османи: Заев ни даде се што можеше да се даде

Заев ни даде се што можеше да ни даде. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи вчера во интервју за 24 Вести потврди дека од СДСМ го добиле се она што го побарале, а партијата можела да го испорача.

 

За сите прашања кои што не бараат промена на Уставот е постигната согласност. За химна, за знаме, за прашањето за името кои што се таму спомнати се бара започнување на дијалог со цел да се изнајде конечно решение. Зборувам за прашањата кои што бараат двотретинско мнозинтсво. За другите прашања, кои се во рамки на Уставот е постигната согласност, рече Османи.

СДСМ и албанските партии немаат двотретинско мнозинство во Собранието, па оттука, јасно е дека СДСМ не може да му ги испорача барањата на ДУИ кои бараат двотретинско мнозинство. Јасно е дека за останатите прашања, согласнсота за на СДСМ не значи ништо.
Од Бихаќка секојдневно потенцираат дека се што договориле со ДУИ е во рамките на Уставот, што и не е никакво изненадување бидејќи надвор од Уставот, едноставно нема начин да одат. Според експертите тоа е вистинска среќна околност, бидејќи доколку имаа двотретинско мнозинство во Собранието, тогаш повеќе од извесно е дека Македонците веќе ќе ја имаа загубено Македонија.

 

 

 

08.03.2017 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега