Македонија „грмеше" и синоќа - протестите се помасовни, „НЕ" за Албанската платформа

Реки луѓе вчера излегоа на улиците низ цела Македонија, за да ја бранат унитарноста на татковината.

На деветтиот ден од мирните протести, безброј граѓани на Скопје, Свети Николе, Велес, Кичево, Штип, Кочани, Охрид, Берово, Битола...граѓаните категорично кажаа „НЕ" за Албанската платформа и двојазичноста, промената на знамето, грбот и химната на Македонија.

Во Скопје во еден глас се пееше "Земјо Македонска", а граѓаните и со едноминутен молк покажаа како чука срцето во ритамот за Македонија. 

Во Скопје вчера се обрати писателката Гордана Јовиќ Стојковска се обрати денеска на протесниот марш во Скопје за одбрана на Унитарна Македонија.

- Чест ми е што можам да ве поздравам во име на српската заедница во Македонија, од првиот ден од независноста на Македонија, ние како заедница бевме поддршка од сите во оваа земја. И како човек и како писател овде сум иако знам дека ќе ме наречат фашист, овде Македонците со право загинале за Македонија, рече писателката.

-Јас овде ја претставувам српската заедница во Македонија, иако многумина не се тука со нас, но ние овде вечерва ќе порачаме дека не ја прифаќаме платформата од СДСМ. Илјадници Срби беа убивани и загинаа во војната неодамна, после тоа не ни треба уште една една платформа и уште војни, рече таа.

Пред Собранието на Република Македонија денеска се обрати и Шукрие Усаин.

– Сакам да кажам дека и јас сум како вас ние сме граѓани на оваа држава и секогаш ќе бидеме едно! Моето име е Шукрие и мојот дом е Македонија, таа е моја земја, како и на моите Роми, ние Македонија ја чувствуваме како наша земја каде што сме израснале. Јас немам резервна татковина, јас пред вас излегов за да кажам дека состојбата не е добра, она што ги интересира сите граѓани се повеќе среќни луѓе, зголеми плати, отворање на работни места, а не дали Македонија ќе биде двојазична или не, сите луѓе меѓу себе се разбирале на македонски јазик и така треба да продолжи и никој не смее тоа да го искорени. На македонски јазик им се обраќам на моите пријатели турци, власи, нас не ни треба платформи од туѓи држави, ни треба заедничка Македонија која ќе ја градиме сите заедни сплотени во едно, истакна Шукрие.

Протестите продолжуваат и денеска, од ден на ден се се помасовни. Се поголем број на познати лица исто така се приклучуваат на протестот за одбрана на Македонија. Вчера тоа го направи и истакнатиот спортист Кире Лазаров. Денеска поддршка даде и пејачката Наташа Малинкова.

 

 

 

 

 

08.03.2017 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега