Судење за „Диво Насеље": Елшани и Кафиѓоли немале намера да војуваат, се изјаснија за невини

Под силно полцииско обезбедување вчера продолжи судењето за хоророт во кумановската Дива Населба. На обвинителната клупа седнаа Фелид Елшани и Есад Кафиѓоли кои изјавија дека не се чувствуваат виновни и побараа да се расветли случајот.

Елшани истакна во судницата дека дошле во Македонија да го забрзаат процесот на спроведување на Охридскиот Договор, и дека тој бил повикан да им помогне на Албанците во Македонија. 

- Малтретирани сме, а никој не превзема одговорност за тоа, тврди тој.

На обвинителна клупа седна и Кафиѓоли кој рече дека не дошол во Македонија да војува, не бил вооружан, туку дошол за правата на Албанците во Македонија.

За малтретирањата адвокатите ќе барале кривична одговорност.

Инаку, хоророт во Диво Насење се случи на 9 мај 2015 година. Им се суди на 37 лица.

 

 

 

 

08.03.2017 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега