Среќен 8ми март со порака за безбедно учество во сообраќајот

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на сите припаднички на понежниот пол,  на сите жени и мајки,  им го честита меѓународниот ден на жената „ 8 март“  потенцирајќи дека жената е една од движечките сили во развојот на општеството и носител на позитивните општествени промени и  заслужува секојдневно  внимание и почит.

Улогата на современата жена  е значајна во сите сфери на општественото живеење вклучително и во сообраќајот и неговото безбедно одвивање. Динамиката на живеење и секојдневните  и бројни обврски кои современата жена треба да ги исполни во еден работен ден и во рамките на семејството ја прават жената сигурна, цврста, решена, упорна и успешна во сите сфери па и во возењето. Според Светската Здравствена Организација, повеќе од 77% од сите смртни случаи на сообраќајот на патиштата се предизвикани од  мажите, околу 72% од жртвите во сообраќајни незгоди се лица од машкиот пол.

Младите машки лица многу повеќе предизвикуваат сообраќајни незгоди со тешки и фатални последици во споредба со младите женски лица.

Иста или слична е состојбата и  во Република Македонија.

Во изминатата,  2016 година, во Република Македонија  од 165 загинати лица во сообраќајни незгоди, 136 лица се припадници на машкиот пол а  29 се припадници на понежниот пол.

РСБСП направи анкетно истражување на повеќе од 1000 жени возачи.  Одговорите  укажуваат дека 60% од жените се убедени дека тие се подобри возачи од мажите,  88% од жените сметаат дека агресивното однесување во сообраќајот е карактеристично  за мажите, 60% сметаат дека мажите се неодговорни учесници во сообраќајот, 63% сметаат дека мажите и жените се рамноправни учесници  во сообраќајот  а 37% сметаат дека мажите се доминантни и не ги почитуваат жените како рамноправни учесници во сообраќајот.  Најголемиот дел од жените сметаат дека мажите се агресивни во сообраќајот и тоа сериозно им пречи и им влијае при возењето.

Улогата и значењето на  жената за безбедноста  во сообраќајот не се ограничува само на нејзиното влијание  како учесник во сообраќајот. Сообраќајната култура, етика, навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмали нозе, а тука улогата на жената како мајка, родител, воспитувач и едукатор  отсекогаш била и ќе остане  неприкосновена.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со порака до сите жени   „ Нека Ви е честит денот на жената 8 –ми март и бидете внимателни и одговорни  учесници во сообраќајот и  нека вашиот личен пример и личен  придонес  биде првиот чекор кон издигнување на сообраќајната култура и етика на уште повисоко ниво. Повикајте ги сите околу вас да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи затоа што се работи за нашите животи и за животите на нашите најблиски. Оваа е најдобриот и единствениот начин да ги направиме нашите патишта безбедни за сите нас.

 

 

 

08.03.2017 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега