МВР со детали за спектакуларното апсење во Битола - се случил хаос

Во 13 часот и 30 минути во СВР Битола, 42-годишниот В.Б. од Битола, вработен како полициски службеник, пријавил дека истиот ден околу 12 часот и 30 минути за време на пауза во работното време, додека заедно со неговата сопруга М.Б. со нивното возило „Цитроен“, се движеле по улицата „Пеце Матичевски“,  биле пресретнати од возило марка „Дачиа Дастер“ во кое бил 47-годишниот Д.С. од Битола.

Тој застанал со возилото на пешачки премин пред возилото на полицаецот, излегол и се упатил кон него, при што на висок тон му упатил пцовки и закани по животот.  Полицискиот службеник веднаш излегол од возилото, се легитимирал и му дал усна наредба да престане, а Д.С. го фатил за вратот и почнал да го дави, а  потоа го турнал во возилото и повторно му упатил закани по животот.  Се обидел да му го одземе службениот пиштол на полицискиот службеник, но не успеал.

Во меѓувреме, сопругата на полицаецот се јавила кај друг полициски службеник, кој заедно со уште еден полициски службеник  дошол на местото на настанот, но тој и понатаму давал отпор, додека не бил совладан. По извршениот разговор истиот бил пуштен на слобода.

Против Д.С. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста". 

Истиот ден  во 17 часот  Д.С. дошол во  СВР Битола и пријавил дека околу 12 часот и 15 минути се движел со возилото, а кога стигнал на пешачкиот премин пред хотел во Битола застанал со цел да пропушти пешаци. Во тој момент поминувал возач кој управувал возило „Цитроен“ и почнал да свири по него  и да му упатува пцовки, по што излегол од возилото, ја отворил вратата, извадил пиштол, го репетирал и му го вперил во главата, велејќи му дека ќе го убие.

Според пријавителот Д.С. тоа бил В.Б., полициски службеник од СВР Битола.

Се расчистува случајот.

 

 

 

08.03.2017 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега