Средба Ахмети-Хелбах: Изборите ги оддржавме за да се реши кризата а не да се продлабочи
Претседателот Ахмети и Амбасадорот Хелбах денеска разговараа околу новонастанатата ситуација по изборите на 11 Декември и политичката состојба во земјава како и напорите за да се излезе од политичката и институционалната блокада.
Ахмети говореше за улогата на ДУИ за оддржување на сеопфатни и кредибилни избори како и нашето инсистирање за заокружување на Охридскиот Договор, системски реформи и ЕвроАтлантска интеграција. Истакна дека изборите беа организирани за да ја реѓат кризата, а не за да продолжат или продлабочат кризата.
Хелбах истакна дека Германија има разбирање за одлуката на Ахмети и ја нагласи поддршката на Берлин за интергирана Македонија во евроатлантските структури и Македонија со ефикасни системски реформи.
Ахмети го информира Хелбах дека се прават напори за да се деблокира Собранието за да почнат да фунцкионираат институциите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа