Скопско Ченто: Му дошле со автомобил пред куќа и го застрелале

Со прострелна рана во левата надколеница 28 годишно момче од скопската населба Ченто вчера било примено во градската болница Св. Наум Охридски во Скопје.
Според првичните информации, во него пукале се уште непознати напаѓачи од возило.
Инцидентот се случил рано утрово, околу 4:35 часот кога на улицата на која повредениот живеел дошле се уште непознати лица со својот автомобил. Избила расправија која завршила со истрели од огнено оружје. 28 годишниот Г.Б. бил погоден во левата надколеница, по што напаѓачите побегнале.
Од полицијата го потврдуваат настанот но се уште не откриваат детали.
Не се знае кои се причините за пукањето како и за расправијата која завршила со огнено оружје.

28 годишниот Г.Б. според информациите од болницата има тешки повреди и неговата состојба е неизвесна
„Повредениот е во живоно загрозувачка состојба. Немаме повеќе информации“ – велат болнички извори за Press24.

 

 

 

 

 

10.03.2017 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега