„Пежо партнер“ се заби во мотор кај Маркова Нога - млад ресенчанец загина во страшна сообраќајка
Денеска околу 13 часот, се случила страшна сообраќајна незгода на патниот правец Ресен - Маркова Нога, дознава Пресс24.
Како што дознаваме, несреќата се случила близу селото Раица, кога се судриле „Пежо Партнер“ со битолски регистарски таблички управувано од 22 годишниот В.Н. и моторцикл управуван од 32 годишниот Горан Низамоски од селото Јанковец - Ресен.
Од здобиените повреди на лице место починал 32 годишниот Горан. Надлежните екипи се на терен и вршат увид.