ЕУ: Забрана за увоз на свињи од Хрватска

 

Извозот на живи свињи, свинско месо и сувомесни производи од Хрватска, траеше само 14 дена по влезот на државата во Европската унија, по што беше запрен бидејќи производителите користеле вакцини против свинска чума што се забранети од ЕУ, а денеска извозот е повторно запрен, бидејќи Хрватска не извршила проверка над вирусот аујецки, објави „Гласот на Славонија“.

Со тоа хрватскиот извоз на свињи е запрен, само што почна, по осумгодишна забрана поради истите причини, а останува отворено прашањето колку производителите за тие две недели биле во состојба на изнесат од земјата живи свињи.

ФОТО: А1.он

15:08

најчитано сега