СИТЕЛ: Пречките за определување на мандат се уште не се отстранети, велат од кабинетот на претседателот

Пречките за определување на мандат се уште не се отстранети, велат од Кабинетот на Претседателот, по повиците од СДСМ Иванов веднаш да го додели мандатот на Зоран Заев.

-Претседателот Иванов останува на ставот изнесен во обраќањето до граѓаните на Република Македонија на 1 март 2017 година. Пречките за определување на мандат за состав на Влада се уште не се отстранети, се вели во ставот од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Во обраќањето на 1 март, претседателот Иванов од лидерот на СДСМ Зоран Заев побара јавно и јасно да ја отфрли и осуди тиранската платформа, со која, според шефот на државата, се доведуваат во прашање темелните државни интереси на Република Македонија и нејзините граѓани.

Според претседателот Иванов платформата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава, земјата е уценета, а нејзината унитарност, сувереност и независност се загрозени.

 Ѓорге Иванов-  „Сè додека сум Претседател на Република Македонија, нема да дадам мандат ниту на човек ниту на партија што се залага или во својата програма има платформа за рушење на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија. Бидејќи длабоко верувам дека ова се темелни вредности со кои никој нема право да тргува. И не мислам да отстапам од нив“, изјави претседателот Иванов на 1 март.

Од СДСМ впо реакција на денешниот став на претседателот уште еднаш бараат без одложување да им биде даден мандатот за состав на идната влада.

Петре Шилегов, портпарол на СДСМ - Го повикуваме Иванов да не одолговлекува во обид да ги спаси Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност за криминалите и злоупотребите, и веднаш да го даде мандатот за состав на новата реформска влада на граѓаните на Република Македонија, велат од СДСМ.

Нема информација дали СДСМ и партиите од албанскиот блок постигнале договор за избор на собраниски спикер ниту кога би иницирале свикување на парламентот.

Во меѓувреме надлежните велат дека безбедносната состојба во државата е стабилна. ИЗвори од МВР велат дека во моментов не се преземаат засилени безбедносни меркиз а обезбедување на претседателот Иванов.

Првиот човек на Светскиот макеоднски конгрес викендов предупреди дека постои опасност по ебзбедноста на шефот на државата.

Македонија има такво искуство и со Киро Глигоров и со Борис Трајковски. И двајцата беа жртви на атентат. Првиот го жртвуваа за да се ратификува Времената согласност со Атина во Собранието запромена на името (Македонија во ФИРОМ) и знамето, а вториот заради Законот за територијалната организација на локалната самоуправа., напиша Петров.

 

 

 

13.03.2017 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега