ФОТО: Развиорени македонски знамиња во Велес

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ по четиринаесетти пат и вечерва во Велес организира протест пред Споменикот на Панко Брашнаров во новиот дел на градот, кој продолжи со мирен марш низ главната велешка улица се до центарот на градот, кај двата споменика.

Бројните учесниците-граѓани на Велес со развиорени македонски знамиња и вечерва мирно и достоинствено ја искажааа својата решеност да истраат во своите напори за зачувување на унитарноста на Република Македонија во одбрана на Уставот, името на државата, грбот и знамето.

Пред споменикот на Коста Солев Рацин, Славчо Радевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на присутните им се обрати со почитувани црвено – жолти Македонци.

– Тоа ќе биде одговорот и казната на предавниците, кошмар ќе им биде црвено жолтата линија. Дали има друго место за еден Македонец освен Македонија, дали има народ понесереќен од Македонскиот. Шеснаесет дена по ред над 150 илјади граѓани во цела Македонија сите заедно протестираме против оние кои сакаат да ни го сменат името Уставот, знамето и грбот. Македонија не е покраина како што рекоа некои, а кои не заслужуваат ни името да им го споменам. Ова е Македонија и ова нека ви биде одговорот на сите предавници и кодоши, потенцира Радевски.

Од името на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се обрати и Гоце Станчев.

– Кој им даде право на нашите политичари да тргуваат со нашата татковина – Република Македонија да ги потсетам граѓаните им дадоа право да управуваат со државата, а не со државните интереси. Тие можат да тргуваат само со своите фирми и бизниси, им порача Станчев.

 

 

 

14.03.2017 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега