Креативна работилница за лицата со Даунов синдром

Центарот за Даунов синдром (ДСЦ) денеска во Јавна соба организира креативна работилница за пријателите кои сакаат да се дружат со лица со Даунов синдром.

Целта на работилницата е преку заедничка дружба со лицата со Даунов синдром, да се изработи накит, украсни картички и други естетизирани предмети под покровителство на модераторките Олика Селивон, Александра Зиновски-Вилиќ и Елизабета Петковска. Овие дела потоа ќе бидат изложени на штанд во Кинотеката на Македонија, на 20-ти март и ќе бидат понудени за продажба како дел од настанот кој го подготвуваат за одбележување на 21 март - Светски ден на Дауновиот синдром.

Работилницата, како и сите други настани кои се во организација на Центарот за Даунов синдром е отворена за сите лица со Даунов синдром (независно од возраста), за нивните семејства и сите нивни пријатели. 

Материјалите за работилницата се обезбедени од Лајонс Клуб Алфа Скопје.

 

 

 

15.03.2017 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега