Одбраната на Кочан тврди: Целта на неговиот притвор е да се замолчи медиумот

Во медиумите постои хајка против Сеад Кочан, кој е само на службен пат и е успешен стопанственик и сопственик на телевизија, со што се повредува слободата на изразување, на мисла и на говор, рече Никола Додевски, адвокат на бизнисменот Кочан, кој е осомничен во предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска на седницата на Апелациониот суд во Скопје на која се расправа по жалбата за одредениот притвор.

– Дискриминаторското однесување кон обвинентите нема оправдување затоа што од тројца обвинети само за Кочан е одреден притвор. Тоа е така само затоа што е сопственик на медиум што е прекршување на чл.10 од Конвенцијата за човекови права. Друго објаснување од приложените докази нема. Затоа сметам дека целта на притворот е Кочан е неговиот медиум да биде замолчен. Кочан може да е во бегство само ако му е изречена пресуда или бил затворен па ископал тунел и избегал. Бегството е конструкција на СЈО и медиумите кои први објавија, информирани од не знам кого, дека Кочан е во притвор, а СЈО потоа даде изјава дека тој е во бегство, рече Додевски.

 

 

 

15.03.2017 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега