Граѓаните од Македонска Каменица едногласни: Нема да дозволиме нашата земја, симболите на нашата држава и нашиот народ да бидат уништени

Од градскиот плоштад тие порачаа дека нема да се дозволи да се уништи државата и да се избришат нејзините симболи.

Учесничката на протестот Антигона Постоловска потести на историското значење на Македонија и нејзиното минато.

– Нашата Македонија некогаш била славна земја, земја на Александар Македонски. Денес  е на прагот на уништувањето.Ние нема да дозволиме нашата земја, симболите на нашата држава и нашиот народ да бидат уништени. Само сложна и обединета Македонија, обединети  сите под знамето на  Македонија, како единствен народ. Ако еден јарем се замени со друг, обновувањето на Македонија ќе стане невозможно, а македонскиот народ кој опстојувал низ историјата, ќе биде избршан.Овој денешен момент е клучен за Македонија, истакна Постоловска.

Протестен марш по десетти пат се одржа и во Делчево.

 

 

 

15.03.2017 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега