Жителите на Куманово и вечерва со масовна поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

Жители на Куманово и вечерва се приклучија на маршот што го организира иницијативата „За заедничка Македонија“ против „тиранската платформа“, воведување на двојазичноста, промена на Уставот и за зачувување на унитарноста на државата.

Маршот почна кај Соколански парк, продолжи низ централните улици и заврши пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ каде што се обратија поддржувачите на иницијативата Маја Трајковска и Драган Димитриевски.

Трајковска ги повика кумановци да истраат во напорите за зачувување на суштината на државата и дека само со заедништво, сплотеност и верба може да се истрае во напорите за зачувување на државата.

Димитриевски изрази поддршка на претседателот Ѓорге Иванов кој рече, не даде мандат на СДСМ, ниту поддршка за тиранската платформа,која води кон разнебитување на Македонија. Државата да се зачува, оти друга немаме, порача Димитревски.

 

 

 

15.03.2017 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега