Беровчани 9 ти ден најавија поддршка „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА"

И  денеска, 9-ти ден во Берово граѓаните ќе излезат на мирен марш да го искажат своето несогласување со Тиранската платформа.

Стартот на протестите започнува во 17.00 часот на градскиот плоштад Димитар Беровски во Берово. Се поголем број на Беровчани се приклучуват кон граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“.

Протестите се одржуваат во 31 град во земјата и секојдневно бројот на граѓаните се зголемува. Оваа иницијатива ги обедини сите слободоумни патриоти и мирљубиви лица кои си ја сакаат татковината и нема да дозволат нејзино разнебитување. Пораките кои ги испраќаат се дека унитарниот карактер на Македонија нема да дозволат да биде сменет.

berovo1

Нема промена на знамето, химната, банкнотите, униформите. Македонците не се геноциден народ, и немаат фашизоидни намери, напротив ги имаат доживеани на сопствена кожа и затоа порачуваат дека нема да дозволат на желните за власт да ја распордаваат Македонија.

berovo2

 

 

 

16.03.2017 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега