ВМРО-ДПМНЕ: Итно да се преземат мерки против директорот на кумановската гимназија

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара итно да се преземат мерки против директорот на кумановската гимназија „Гоце Делчев“ поради негови објавени непристојни слики низ електронските медиуми.

- Експлицитната содржина е навистина запрепастувачка и бара итно да се преземат мерки против него без разлика што тој е кадар поставен од градоначалникот Зоран Дамјановски од СДСМ. Целата јавност е загрозена од тоа што го виде, рече Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека родителите се во шок и загрижени за своите деца, каде тие се воспитуваат и кој нив ги образува. Никому, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ, не приличи вакво однесување, а најмалку на педагог, и човек кој раководи со една образовна установа.

- Ги повикуваме надлежните државни институции да ги истражат наводите за ваков случај, и доколку се покажат како точни да спроведат санкции. Ги повикуваме и невладините организации кои ги штитат правата на децата да реагираат на ваквите појави. Надлежниот народен правобранител и Првата детска амбасада мора да реагираат кога директор на едно училиште на социјалните мрежи објавува материјали со експлицитни сексуални содржини, рече Колариќ.

Од партијата прашуваат што се случува во кумановската гимназија, дали овие фотографии и снимки биле испраќани до некого и дали  стигнале и до учениците во гимназијата и каква реформа во образованието СДСМ сака да спроведува и дали кумановската гимназија треба да биде урнек.

- Јавноста мора да знае. Институциите мора да реагираат. Не смее да се дозволи сомнеж дека со установа која има просветна и педагошка улога раководи човек кој се слика гол и потоа истите слики ги пушта на интернет, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

 

 

 

16.03.2017 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега