Костовски: Ванхауте ги откри намерите на СДСМ за федерализација на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека белгискиот посредник Питер Ванхауте со неговата последна изјава ги открил намерите и стратегијата на лидерот на СДСМ за федерализација на Македонија.

Срамно и недолично Ванхауте исто како и неговиот партнер Зоран Заев на маса става нешто што не е негово. Нешто за кое што гинеле бројни генерации. Ја става на маса унитарноста и суверенитетот на Република Македонија. Питер Ванхауте отвара дебата за федерализација на Република Македонија, чин кој најостро треба да се осуди, истакна Дарко Костовски на прес-конференција.

Тој додаде дека лидерот на СДСМ Зоран Заев треба час поскоро да ја отфрли тиранската платформа, а доколку се откаже од неа ќе ја добие поддршката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да формира Влада. 

- Исто така ако се уште размислува да ја реализира платформата, тогаш нека прифати парламентарни избори заедно со локалните, па граѓаните ќе може да кажат што мислат за неа. Најдобрата дебата на оваа тема се изборите. Доколку СДСМ смета дека платформата и нејзините елементи треба да се прифатат нека ги вметне во својата изборна програма, а народот ќе го даде својот суд, без притоа изборно да биде измамен, рече Костовски

 

 

 

16.03.2017 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега