Автобус се заби во „Опел Вектра“ и го уби возачот - струмичанец загина во крвава сообраќајна несреќа

Утринава во 4:40 часот, на регионалниот пат Струмица - Ново Село дошло до страшна сообраќајна несреќа меѓу „Опел Вектра“ со струмички регистарски таблички и автобус, дознава Пресс24.

Како што дознаваме, во несреќата животот го загубил возачот на Опелот, 62 годишниот Митко П. од Ново Село. Се утврдуваат причините за несреќата.

најчитано сега