Паника во СДСМ: Работите излегоа од контрола - не можеме да го заобиколиме со народот

 

Вистинска паника владее на Бихаќка по најавата за утрешниот масовен протест на иницијативата За заедничка Македонија која планира пречек на еврокомесарот Хан. Партиски извори откриваат дека во текот на вчерашниот ден на неформален состанок на раководството на партијата било констатирано дека работите се надвор од контрола и дека тешко ќе се реализираат плановите спротивно на волјата на граѓаните.
Според информациите, на Бихаќка се исплашени поради фактот што и после 22 дена, наместо да се намалува, интензитетот на протестите секојдневно расте и се шири на се повеќе места низ Македонија.
Стравувањата се во насока дека граѓаните можат да го заземат Собранието или некоја друга институција и комплетно да ја спречат реализацијата на платформата на Еди Рама. Во таква ситуација, никој на Заев не можел да му гарантира дека нема да се оди на одржување на нови предвремени избори на кои партиски анализи покажале дека голем дел од гласовите на етничките Македонци ќе бидат загубени.

 

 

 

20.03.2017 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега