Се бори за живот синот на Албанецот од Грчец кој загина во Сирија
Синот на убиениот Ниметула, 18 годишниот Бунјамин Имери е тешко ранет во Сирија, пишува порталот Алмакос.
Како што објавува Алмакос, Ниметула и неговиот син заминале во Сирија и се бореле на страната на бунтовниците против сирискиот претседател Башар ал Асад.
Пред неколку дена беше објавено дека загинал Албанецот Ниметула од Грчец, а денеска Алмакос објавува дека во престрелката во Сирија бил тешко ранет и 18 годишниот Бунјамин.
ФОТО: Алмакос