Ја видовте ли новата икона на Фејсбук? Еве зошто служи
Фејсбук апликацијата доби нова иконка која изгледа како ракета и која, кога ќе се кликне на неа, прикажува нов „њузфид“.
Имено, Фејсбук решил да ги оддели постовите на пријателите на еден „њузфид“ и објави на страните кои сме ги лајкувале на друг.
Новата опција е наречена „Start Exploring” секција и служи за прикажување на постови од страни кои веќе сме ги лајкувале, но и работи за кои Фејсбук смета дека би можеле да ни бидат интересни, врз основа на анализата на нашиот профил.
Покрај стандардните постови, во „Start Exploring” табот ќе се наоѓаат и виралните видео – снимки и актуелни, вирални вести.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа