Адеми: Можеби СДСМ не се најсреќни што мора да ја прифатат платформата но тоа е цената ако сакаат власт
Пратеникот од ДУИ Џевад Адеми денес од собраниската говорница јасно кажа дека сè што бараат Aлбанците преку Алијансата на Албанците на Зијадин Села и ДУИ е цената која што СДСМ треба да ја плати.
Со оваа изјава Адеми потврди декa сите услови како ни Тиранската платформа е цената која што СДСМ со прифаќањето ја прифатил за да дојде на власт.
-Можеби колегите од СДСМ не се најсреќни за ставовите на Алијансата на Албанците и ДУИ ама тоа е цена која што треба да се плати, изјави Адеми.
31.03.2017 - 10:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа