Заев: Малцинството се изживува - Ќе го преземеме Собранието

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека новото мнозинство во Собранието ќе го преземе Парламентот, ќе избере Претседател и нова Влада.

„Гледате дека позади нас е една цела седмица, кадешто со сите будалаштини, малцинството се изживува и врши терор врз декларирано и оформено мнозинство во Собранието на Република Македонија. И ај тоа што го прави, ова изживување и терор го прави и врз граѓаните преку камерите коишто очекуваат конечно демократските процеси да се придвижат. А тоа е да се избере претседател на Собранието, да се избере Влада и пополека да се движат процесите во интерес на сите граѓани на Р.Македонија. Може да остане мнозинството толерантно, може да биде таму присутно и да даде секакво право на дискусија. Дискусијата по Деловник постои, но таа мора да биде дефинирана онака како што е опишана во членот 90 од Деловникот, а тоа е говорникот да говори за точката на дневен ред и репликите да бидат согласно членот 89, значи нека има реплики, но репликите мора да бидат за да се отстрани некој неточен наод или да се даде на самиот наод забелешка во однос на тоа дека одреден пратеник не се согласува со само дадениот наод. Тоа е прецизно како бел ден. Оттука треба да знае малцинството,а пред се претседавачот на Собранието дека оформеното и декларирано парламентарно мнозинство има право и обврска да ја преземе контролата врз Парламентот преку бирање на претседател на Парламентот од своите редови и преку тоа да ја превземе одговорноста за водењето на Парламентот. Парламентарното мнозинство нема да дозволи ова да се развлекува до бескрај, ќе си ги исполни своите уставни права и обврски.“ – изјави Заев.

 

 

 

03.04.2017 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега