Туск го изненади СДСМ
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера за време на својата посета на земјава, порача дека Македонија и натаму има евроатлантска иднина, но оти мора сама да ја реши политичката криза. Првиот човек на Европскиот совет воопшто и не спомна за мандатот за влада. Најголем дел од својот говор, како и неговиот домаќин, претседателот Ѓеорге Иванов, Туск посвети на проблемот со мигрантите, изразувајќи благодарност што Македонија успешно ја затворила т.н. Западнобалканска рута за влез на бегалци.
Оваа продолжена криза го забавува напредување на вашата земја кон ЕУ. На вас останува да го пронајдете решението за излез од кризата, кое ќе се темели на демократските процеси, парламентарната демократија и на здрав разум. Кога ќе го сторите тоа, ние сме тука да ви понудиме помош за реформските процеси кон ЕУ, изјави Туск по средбата со Иванов.
Тој дополни дека изразува разбирање за позицијата на претседателот на Македонија.
Ѓорге Иванов, пак, како и досега, не отстапува од својата позицијата – нема да го додели мандатот на новото парламентарно мнозинство, се’ додека не бидат исполнети условите. Ова тој вчера го кажа и пред првиот човек на Европскиот совет со кого имаше официјална средба. Објаснувањето на Иванов пред Доналд Туск било дека, како што ја нарече, уценета влада, нема долгорочна стабилност и има краток рок на траење.
Го запознав со моите уставни овластувања како и со практиката за доделување мандат уште од 1992 година. Мојот став останува непроменет – целта на двата услова е никој да не ја оспори новата влада и да не се соочиме со штетни последици, изјави претседателот Иванов.
Тој ги повика политичките лидери да ги спроведуваат итните реформски приоритети, а не, како што рече, да имплементираат платформи пишувани во други држави со кои, според него, се нарушуваат доборососедски односи, се бара промена на Уставот, се зголемуваат меѓуетнички тензии. Претседателот на Европскиот совет, кој е на балканска турнеја, го повика Иванов да покаже лидерство и да се бара демократско решение за кризата.
Но, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, вчера изјави дека очекува прецизни укажувања од пријателска Европа, односно од средбата на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, за излез од политичката криза во Македонија.
Секако ќе ги слушнеме изјавите на Туск после средбата со Иванов. Верувам дека тоа ќе биде во исти дух и во иста конотација како што слушаме од целиот демократски свет, сите овие денови и месеци наназад, а тоа е мирен и брз трансфер на власта, промена на власта, почитување на Уставот и параламетарното мнозинство, изјави Заев по вчерашоното повторно одложувањето на рочиштето за случајот „Поткуп“, во кое тој е првообвинет.
Очигледно Зоран Заев и СДСМ очекуваа од Туск да испорача порака до Иванов од ЕУ, по теркот на оние на Федерика Могерини и на Јоханес Хан. Но, по заедничката изјава на двајцата претседатели, очигледно е дека пораката не е воопшто теркот по кој Заев и СДСМ очекуваа. Оттука произлегува дека претпоставката дека всушност ЕУ е поделена и нема заеднички став во однос на ситуацијата во Македонија.
Левичарските европски функционери, како на пример Федерика Могерини, се обидуваат од петни жили да инсталираат СДСМ на власт во Македонија, додека од друга страна европските конзервативците и десно ориентираните очигледно настојуваат тоа да не се случи. Се претпоставува дека ваквиот нивни став е резултат на стравот дека под контрола на СДСМ и на невладината мрежа на СОРОС, границата за беглаците повторно ќе биде отврорена
Во вакви услови, со оглед на околностите и ситуацијата, познавачите на состојбите коментираат дека единствено може политичките партии да се договорат за одржување на нови парламентарни избори веднаш, или да почекаат претседателот на САД, Доналд Трамп, да го заврши екипирањето на својата администрација и дипломатија, а потоа Македонија прво да направи попис на населението, а потоа да спроведе нови избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа