И началникот Котески ќе дарува крв за Денот на АРМ

Во рамки на програмата за одбележување на „18-ти Август“ -  Денот на АРМ, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се одржи акција за доброволно дарување крв на која ќе се приклучат началникот на Генерлаштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, заменик-началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини и директорот на ГШ на АРМ бригадниот генерал Димче Петровски.

Акцијата за дарување крв е дел од големата хуманитарна акција на припадниците на АРМ која веќе се одвива во касарните „Боро Менков“ Куманово и касарната „Н. Х. Страшо Пинџур“ Петровец, а ќе заврши со доброволното дарување на крв во понеделник на 19 август во касарната „Јане Сандански“ во Штип. 

ФОТО: А1Он

најчитано сега