Светна во СДСМ: Нема шанси да направиме нова Влада

 

И на експертите блиски до СДСМ им е јасно дека нова влада не може да се формира, а и доколку тоа се случи, таа ќе има краток рок и нема да успее да испорача ниту едно од ветувањата дадено пред граѓаните но и пред финансиерите од земјава и странство.

„Било која влада да се формира, дури и оваа сега која треба да се формира која е уставна, треба да бидеме свесни дека нема да истрае цел мандат од 4 години поради поларизираните односи во парламентот. Таквата влада ќе има ограничен мандат да почне со приоритетните реформски определби на Македонија, на прво место владеењето на правото, правната држава, решавање на правните предмети кои се оформени, а имаат врска со криминал и корупција во кој се инволвирани конкретни лица претежно од власта како функционери кои со злоупотреба на функциите напрале тешки криминални дела на штета на државата - вели професорот Осман Кадриу кој важи за близок до СДСМ, за соросовиот Плусинфо

Сепак, Кадриу е против нови избори и смета дека е потребна експертска Влада од година до година и половина за да се смиреле тензиите.

Кадриу, заедно со речи си сите аналитичари Албанци е против нови избори. Поддршка добива само до партијата на Заев и оние сателит партии кои орбитираат околу СДСМ.

Од друга страна, за ВМРО-ДПМНЕ нови избори се најдобро решение за излез од кризата. Партијата долго време го повторува ставот дека треба да им се даде можност на граѓаните на избори да се изјаснат за платформата на Еди Рама, а СДСМ доколку планира да ја реализира во Македонија, да ја постави како понуда на изборното соочување.

Сличен став имаат и граѓаните кои во огромен број денеска по 38ми пат ќе маршираат на улиците низ Македонија.

Од друга страна, состојбите во Собранието не ветуваат разврска во краток рок. До сега поминаа само 4 од 51 пријавен говорник а потрошени се скоро 10 дена. Со ова темпо, ќе бидат потребни најмалку 2 месеци, само за да се формира комисијата за избори и именувања, а потоа, следи простор за ново одолговлекување.

 

 

 

05.04.2017 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега