Пишев: Аболицираниот криминалец Заев кажа дека треба да се оди над Рамковниот договор
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев на денешната Собраниска седница истакна дека целта на Тиранската Платформа е да се редефинира уставното уредување на Република Македонија.
-Пред некој ден Еди Рама и министерот Бушати побараа овие барања на Албанците да бидат вметнати во Уставот. Зоран Заев најави дека нема
промена на Уставот и дека нема Платформа. Прашувам дали само Заев мисли дека нема Платформа, а Рама и Бушати, ДУИ и БЕСА и пратениците на Села тврадат дека постои Албанска Платформа, потенцираше Пишев.
Тој додаде дека има Платформа и има изјава на аболицираниот криминалец Зоран Заев во која кажува дека треба да се оди над Рамковниот договор.
-Затоа колеги пратеници 8 ден расправаме овде, за да ја скратиме повеќе маката. Немојте да бидете предавници, јас кажав вие сте
предавници на македонскиот народ, го продадовте си ја продадовте верата, честа, душата, културата, традицијата, се прододовте,
потенцираше Пишев.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на крајот ги повика пратениците на СДСМ да се
откажат од Тиранската Платформа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа