Фејсбук со одлина можност за корисниците- Сите да бидат заштитени
Фејсбук започнува со имплементација на низа алатки со цел борба против одмаздувачката порнографија.
Новите алатки ќе им овозможат на корисниците со леснотија да пријават било каква фотографија од интимна природа, која е објавена без допуштеност. Друштвената мрежа ќе користи технологија за препознавање на ваквата содржина, односно за фотографии кои се споделени без овластување. Таа ќе им оневозможува на корисниците споделување на фотографии кои ќе се сметаат за порнографски.
-„Овие алатки, развиени во соработка со експертите за сигурност, само се пример на можностите на технологијата нас луѓето да не држи на сигурно. Нашиот успех се базира на изградба на заедница, која ќе не одржи сигурни.“- изјави Антигона Дејвис, раководител на глобалната сигурност на Фејсбук.
07.04.2017 - 21:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа