ВМРО-ДПМНЕ: СДС за да ја спаси својата криминална врхушка да не оди во затвор ја втурнува целата држава во политички амбис
Мафијашката структура СДС не може да ги оствари ветувањата за разнебитување на Македонија и станува се понервозна. Народот го сопре криминалецот Заев во пазарењето со највисоките државни и национални интереси само за да се спаси од затворската казна која го очекува за сторените дела, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Криминалната групација СДС не успеа во обидот за пуч. Не успеа со прекршување на Деловникот за работа на Собранието, законот и Уставот, да избере Тирански Претседател на Собранието.
Криминалната групација СДС не успеа да го направи првиот чекор за на мала врата да ја протурка Платформата од Тирана.
Криминалната врхушка на чело на СДС сепак не се откажува од таквата своја намера, да формираат Влада по волјата на Рама.
СДС за да ја спаси својата криминална врхушка да не оди во затвор ја втурнува целата држава во политички амбис.
Криминалната врхушка на СДС за да се спаси себе си од прогон клекна пред Рама, клекна и пред Села и пред сите кои ја негираат македонската државност, народ и национални симболи.
Криминалната врхушка на СДС сака да избере Тирански Претседател на Собранието и што побргу да воведе двојазичност на Македонија, двојазични униформи и банкноти.
Криминалната врхушка на СДС сака да избере Тирански Претседател на Собранието за што побргу да прифати промена на националните симболи и да ги обвини Турците, Србите, Бугарите, Хрватите, Словенците, Германците, Италијанците, Црногорците, но и Македонците учесници на НОБ и АСНОМ за геноцид.
Криминалната групација СДСМ се плаши од дебата и обелоденување пред граѓаните за сите овие работи кои ги прифатиле, а кои во крајна фаза ја имаат федерализацијата на Македонија.
Граѓаните се гневни на ваквото однесување на криминалната групација СДС и се чувствуваат изманипулирано од СДС кој сака да им ја продаде државата.
Затоа криминалната групација СДС наспроти себе ги има граѓаните на Македонија, кои си ја бранат својата држава.
Народот е на нозе !
Македонија се буди !
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа