Телеком изненадува: Денеска од 17 до 20 часот еден од најдобрите телефони на 50% попуст
Македонски Телеком почнува со официјална продажба на најновиот модел на телефон Huawei P10, за што подготви одлична понуда. Единствено денеска од 17:00 до 20:00 часот само во Телеком продавницата во Citу Mall, корисниците што ќе склучат нов или ќе го обноват својот постоечки Доверба 24 договор во Smart L или Magenta 1 L тарифите, ќе можат да го купат Huawei P10 со неверојатен попуст од дури 50 отсто, односно по цена од 12.490 денари.
Во рамките на промотивниот настан којшто се организира во City Mall, предвидени се неколку изненадувања за корисниците на Македонски Телеком. Освен попустот, за време на промоцијата ќе има супер забава со DJ, а посетителите ќе можат и да пробаат како функционира неверојатната камера на најновиот телефон на HuaweiP10, со тоа што ќе можат да учествуваат во фото сесија и да добијат свој портрет како за насловна страница на магазин од фотографот Дарко Мораитов.
Најновиот Huawei P10којшто стана апсолутен хит за кратко време, едноставно има извонреден, премиум и модерен дизајн. Тој е ултра тенок, потполно рамен и заоблен. Телефонот овозможува уникатно искуство со камерата, а фотографиите, пред сè портретите, стануваат уметнички благодарение на новата Leica двојна камера. Huawei Р10 функционира со најмоќниот осумјадрен Kirin 960 процесор и последна верзија на Android оперативен систем.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа