Хојт Ји на Први Мај нема да се сретне со претседателот Иванов

Брајан Хојт Ји, заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија во американскиот Стејт департмент, во понеделник, на 1 Мај, доаѓа во Македонија, потврдија од амбасадата на САД.

-  Заменик-помошникот Ји на 1мај ќе допатува во Македонија каде на средби со политичките лидери ќе разговара за статусот на формирањето на влада, за билатералните односи и за потребните реформи во процесот на евроатлантските интеграции, се наведува во соопштението.

Дојче Веле дознава дека заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во американскиот Стејт департмент, нема да се сретне со претседателот Иванов.

Американскиот Стејт департмент минатата недела изрази загриженоста за состојбата во Македонија и побара фомирање влада без одлагање со цел земјата да продолжи со реформите на патот кон евроатлантските интеграции. 

 

 

 

26.04.2017 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега