Пишев: Странците го одбраа Заев бидејќи знаат дека власта и парите му се побитни од државата

Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, денес даде до знаење дека Република Македонија ќе добие претседател на Собранието кој што ќе биде по воља на граѓаните, а не производ на некаков хибриден документ опасен за опстанокок на државата.

Пишев додеде дека Тиранската платформа која што СДСМ сака да претстави дека ја нема или дека е нерелевантна, секојдневно добива на важност ако се земат во предвид изјавите на албанските политичари во земјава, но и оние во Албанија и Косово.

На крај, Пишев обраќајќи му се на Зоран Заев рече дека странците добро знаеле дека на Заев побитни му се власта и парите околку државата и токму затоа тој го спроведува ова погубно сценари.

 

-         

Странците добро знаат дека на Заев побитни му се власта и парите отколку државата па токму затоа го одбраа него за да го спроведува ова сценарио во република Македонија, рече Пишев.

 

 

 

26.04.2017 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега