Данев: Фактурата за прифатената Тиранска Платформа се македонските националните интереси

 

На денешната собрансика седница, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев истакна дека фактурата за прифатената Тиранска платформа се македонските национални интереси.

-Веќе е јасно платформа има, таа беше наметната како уцена и е прифатена. Фактурата за тоа се македонските национални интереси. Затоа колегите од СДС еве веќе 10 дена молчат, но не само во Собранието на Република Македонија тие молчат и во нивните штабови. Затоа што нивните пак членови секојдневно ги прашуваат со онаа позната реченица на нашиот кошаркар, леле луѓе што направивме, рече Данев.

Тој додаде дека СДСМ ги излажа граѓаните и токму затоа веќе 60 дена секојдневно се на улица низ цела Македонија, протестирајќи против Тиранската Платформа и барајќи избори да одлучат на кого сакаат иднината да ја оставаат.  

 

 

 

27.04.2017 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега