Тешка сообраќајка во Македонија - едно лице се бори за живот

Едно лице е тешко повредено откако синоќа со возило излетало од локалниот пат Куново – Беловиште, гостиварско. Според првичните информации на полицијата, повредениот бил во тешка состојба и е пренесен на скопските клиники.

Од СВР Тетово потврдија дека кај нив е пријавена сообраќајна несреќа до која дошло откако „БМВ х5“ од неутврдени причини, додека се движело кон селото Беловиште, излетало од коловозот и пропаднало во провалија длабока над 200 метри. Возилото неколку пати се превртело, а падот во амбисот го запрело дрво. Повредениот во тешка состојба бил извлечен и како итен случај од Гостиварската болница е пренесен за Скопје.

Увид на местото на настанот изврши јавен обвинител од ОЈО Гостивар со полициска екипа. Засега не е познато дали во возилото имало и други лица и кој управувал со возилото.

 

 

 

01.05.2017 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега