Стружани се испотепале кој прв да наточи бензин
Поголема група на млади стружани утринава околу 5:30 часот се степале на бензиска пумпа на „Макпетрол“ во Струга.
Како што дознаваме, на тепачката и претходела расправија за тоа кој прв да наточи бензин.
На бензиската станица со своите автомобили дошле 22-годишниот А.Б. од струшката населба Езерски води и 27-годишниот К.Б. од Велешта во чиј автомобил имало уште три лица.
Лицата излегле од своите автомобили по што започнале расправија, која набрзо преминала во тепачка. На помош пристигнале и други лица кои се приклучиле во тепањето.
При полициската интервенција нападнат бил еден полицаец на кого му била скината униформата.
Според нашите информации, лицата се приведени, а како што неофицијално дознаваме голем дел од нив биле во алкохолизирана состојба.
Од МВР го потврдуваат настанот информирајќи дека по целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ФОТО: Коли.мк