Влегол преку отворен прозорец и однел 4000 евра и златен накит
Педесет и седум годишниот битолчанец Р.С. остана без заштедените пари и златото откако крадец ја ограби неговата куќа.
Од полицијата информираат дека кражбата се случила во изминативе два дена, кога непознатиот сторител влегол во куќата преку отворениот прозорец од спалната соба на првиот кат.
По извршеното пребарување, крадецот одзел 4.000 евра, 10.000 денари и златен накит, со што „заработил“ 450.000 денари.
Полицијата извршила увид и трага по сторителот.
ФОТО: Дневник
15:32