ВМРО-ДПМНЕ: Талат Џафери е нелегитимен претседател на Собранието

Талат Џафери беше нелегално во кабинетот на претседателот на Собранието, на диво и незаконски исто како и обидот да биде избран, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев изнесувајќи го партискиот став. 

ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Данев, ќе ги употреби сите демократски средства согласно Уставот и законите и ќе продолжи да се бори за заштита на највисоките државни и национални интереси.

Данев во одговор на новинарско прашање повтори дека за нив Талат Џафери е нелегитимен претседател на Собранието и оти на 27 април во законодавниот дом е направен обид за нелегален избор на прв човек на Парламентот. Не кажа дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на парламентарните заседанија.

 

 

 

03.05.2017 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега