Автомобил удри во моторциклист, има повредени

 

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во Тетово на улицата „146“. Според информациите на полцијата, вчера во  Тетово на ул. „146“ се случила сообраќајна незгода со возило марка  „Сузуки Свифт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Џ. (29) од Тетово и Скутер „Јијинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.И. (44) од Тетово.  Во незгодата Б.И се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Тетово каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово. 

 

 

 

05.05.2017 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега