Тешка сообраќајка на патот Гостивар- Тетово

Вчера во 20.00 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај клучка Камењане, се случила сообраќајна незгода во која 47- годишен  Ќ.М од село Црн Врв, Општина Студеничане, управувајќи моторновозило  „Голф“ со скопски регистарски ознаки излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката 45- годишна Ш.М од село Црн Врв, која по укажаната лекарска помош во Клиничката болница Тетово, поради карактерот на повредите била препратена во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Во периодот од 23.05 до 23.50 часот сообраќајот на тој дел од патот бил во прекин, и истиот бил пренасочен по клучка Камењане кон село Камењане до влез во Тетово.

 

 

 

06.05.2017 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега