Ахмети го поздрави доделувањето мандат на Заев
![](http://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2017/05/17/ali-ahmeti1180667101-106368iul78o78o78t.jpg?itok=3h9r-ZuV)
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во пишана изјава го поздрави доделувањето на мандатот за формирање на, како што истакнува, новата реформска влада во согласност со Уставот.
- Како што кажав уште на самиот почеток, ние ќе дејствуваме во согласност со волјата на граѓаните и враќање назад нема, наведува Ахмети во изјавата.
Нашата клучна, определена и одлучувачка улога во новото мнозинство, потенцира Ахмети, ќе ја ставиме во служба на реформите во согласност со очекувањата на меѓународната заедница, добрите меѓуетнички односи и Охридскиот договор, како и интеграцијата во НАТО и во Европската Унија заедно со отварањето нови работни места.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска од претседателот Ѓорге Иванов го доби мандатот за формирање влада.
Актуелното парламентарно мнозинство во 120-членото Собрание на Македонија има поддршка од 67 пратеници на коалицијата предводена од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците.
17.05.2017 - 14:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа