ГТЦ заработува колку семкарница

 

Ревидираните финанскиски извештаи покажуваат дека „Градскиот трговски центар“ во 2012 година вкупно заработил 13.194 евра, а според берзанските работници, толкава добивка остваруваат помали гранапчиња, пишува Вест.

Вест објавува дека директорот на ГТЦ Аго Абазовски вчера не бил достапен да одговори на што се должи малата заработка во текот на минатата година. Вчера на Македонската берза, Собранието на акционери ја објави одлуката со која ја одобрил ревидираната годишна сметка за 2012 година дека добивката по оданочување изнесува 811.462 денари или 13.194 евра.

Берзанските работници велат дека толкава добивка остваруваат помали гранапчиња. Според извештајот, минатата година,  Градскиот трговски центар остварил вкупни приходи од околу 255,1 милион денари, од кои од закупнина 54,2 милиона денари или околу 880 илјади евра. Друштвото има приходи од околу 343 илјади денари од продажба на деловен простор.

ФОТО: Утрински

најчитано сега