Утре Конгрес на СДСМ - се бира лидер и нов Централен одбор

СДСМ во сабота во Александар Палас ќе избира нов лидер на партијата, како и нови членови на Централниот одбор. Зоран Заев кој е мандатар за составување на новата Влада, е единствениот кој самостојно на партискиот јавно објавен повик се кандидирал повторно да ја води партијата, а ако не пристигне друга кандидатура, неговата ќе биде одобрена. 

На Конгресот ќе се избираат и нови членови Централниот одбор. Од партијата за Плусинфо велат дека во ова тело може да конкурираат и да бидат избрани и сегашните членови или лица кои ќе бидат дел од идната Влада, но според Статусот на партијата само на Генералниот секретар на партијата не му се дозволува да извршува две функции, партиска и државна.

На конгресот ќе има повеќе од седумстотини делегати на СДСМ.

 

 

 

26.05.2017 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега