Координација кај Џафери - досега само Беса формирала пратеничка група

Претставници на политичките партии моментално се наоѓаат на координација кај претседателот на собранието, Талат Џафери. Координацијата е во пресрет на утрешната седница за избор на нов владин кабинет и нова владина програма.

Според информациите на Фокус, засега само БЕСА го информирала Џафери дека за координатор на пратеничката група го назначува Африм Гаши, додека останатите партии и коалиции што имаат над 5 пратеници се уште не формирале пратенички групи.

Според информациите на Фокус, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе биде Илија Димовски, на СДСМ Петре Шилегов, на ДУИ Ејуп Алими, а Алијансата за Албанците и ДПА нема да имаат право на пратеничка група.

 

 

 

29.05.2017 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега