Тетовчанец продавал украдени делови - братучед му си го препознал својот агрегат во сервис

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 37- годишниот  А.Н. и 47- годишниот М.Н., двајцата од с.Пршовце,тетовско, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „кражба“ и „прикривање“. Во декември 2016 година во село Стримница, во дворот од куќата на 54- годишниот Б.Б.  , првопријавениот извршил кражба на агрегат марка „Ломбардини“, по што истиот го продал на второпријавениот кој знаејќи дека предметот е прибавен од извршено кривично дело го купил за паричен износ од 270 евра, односно 16.605 денари. На 20.04.2017 година В.С. од с.Стримница, братучед на Б.Б., го препознал украдениот агрегат во сервис за винклување на мотори во с.Желино и истото веднаш го пријавил во ПО Групчин. Од страна на полициски службеници е излезено на местото  од каде агрегатот,  со потврда за привремено одземени предмети, е одземен и вратен на Б.Б.

 

 

 

30.05.2017 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега