Синоќа драма на булеварот „Гоце Делчев"

Во 3 часот и 30 минути по полноќ на булеварот Гоце Делчев, С.А. од селото Турново, струмичко, доживеал хорор. Полицијата информира дека тој пријавил дека додека се движел пешки по булеварот „Гоце Делчев“, бил пресретнат од две непознати лица кои му се заканиле дека ако не им даде парите ќе го убијат, по што едниот од нив со тврд предмет го удрил во пределот на главата.

С.А. паднал на тротоарот, а насилниците му го одзеле паричникот во кој имал 700 евра, лични документи и околу 1.500 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.  

 

 

 

31.05.2017 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега