Полицијата упадна во домот на скопјанец

Во 10 часот и 10 минути вчера со наредба од Основен Суд Струга, полициски службеници од Полицијата во Струга извршиле претрес во домот на 33-годишниот А.Ѓ. од Скопје.

При претресот биле пронајдени едно  мало пакување со непозната тревкаста материја, еден  шприц со непозната темна течност, една бела најлонска ќеса со мала количина непозната тревкаста материја и една најлонска ќеса со 11 шприцови со непозната темна течност, додека во дворот биле пронајдени уште шест пакувања непозната тревкаста материја.

Пронајдените предмети се фото-документирани и подигнати за вештачење. А.Ѓ. е приведен во Полицијата во Струга за понатамошна постапка.

 

 

 

31.05.2017 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега