Илиоски: Мандатарот Заев има две помилувања и судска постапка која се води за случајот „Поткуп“

На денешната собраниска седница на Собранието на Република Македонија пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ,  Зоран Илиоски истакна дека за една влада да биде реформска мора да биде предводена од човек кој има авторитет, кредибилитет и поддршка од народот.

-Дури и обидот да се престави оваа влада како реформска според мене е очаен обид. За да една влдата добие легитимитет дека е реформска треба пред се да биде предводена од човек кој што има авторитет, кредибилитет, да има поддршка од народот на избори и пред се да важи за човек кој што во својот живот е чесен и работлив. За господниот Зоран Заев тешко ќе може да најдеме зборови кои што ќе ги оправдаат овие каректеристики, имено за авторитет и кредибилитет, треба да биде човек кој што се држи за својот збор, човек кој што еднаш ќе каже нешто и ќе остане на тоа, истакна Илиоски.

Тој додаде дека Зоран Заев неколку пати ги менува своите ставови и изјави во однос на Тиранската Платформа која што еднаш беше прифатена па потоа отфрлена.

-Прв пат во историјата на Република Македонија се бара мандатарот да потпише гаранции дека ќе ги брани унитарноста, државните интереси и така натаму. Работа и документ кој според мое мислење ќе биде голем терет за оваа влада, бидејќи нормално ќе треба да се држи до овој документ и тоа да го почитува. Искрено поскаувам тоа да биде почитувано. Исто така кога сме веќе кај карактеристиките и доблестите на мандатарот би сакал да напоменам дека нашиот иден премиер на својата глава има две помилувања и судснка постапка, додаде тој.

Илиоски потенцираше дека на крајот мандатарот Зоран Заев ги изгуби последните парламнетарни избори и нема доверба од мнозинстово граѓани во Република Макеоднија и додаде дека таа тежина оваа влада ќе мора да ја поднесе. 

 

 

 

31.05.2017 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега