Наредната недела ќе се знае причината за смртта на докторката Масин

Наредната недела се очекува Обвинителство да го комплетира случајот, а со тоа и да заврши истрагата за смртта на лекарката која беше пронајдена мртва во нејзиниот дом, потврдија з а НОВА извори вклучени во истрагата.  Три недели по смртта на доктор Јелка Спасовска Масин од Клиниката за нефрологија, обвинителство се уште не се изјаснило која е причината за насилната смрт. Дали станува збор за убиство или самубиство. Од таму велат дека од Институтот за судска медицина се уште им го немаат доставено наодот од обдукцијата.

„ Се уште не стигнал наодот од обдукција. Знаеме дека се чека на уште некои поединечни анализи за кои треба време, но се уште немаат ништо пратено. Во меѓувреме во обвинителството беа сослушани и други лица, освен членови на семејството, побарани се и други надворешни докази и се уште се утврдува фактичката состојба. Засега, нема осомничени лица“, изјавија за НОВА од ОЈО.

На Институтот за судска медицина за НОВА потврдија дека извештајот од обдукциониот наод е веќе готов, а до почетокот на следната недела ќе бидат завршени уште неколку хистопатолошки анализи земени од ткивото и целиот комплетиран извештај ќе биде испратен во ОЈО.

„До крајот на оваа или почетокот на наредната недела ќе бидат готови хистопатолошките анализи, тоа се парчиња земени од ткиво кои треба да се гледаат под микроскоп. Тоа се прецизни анализи кои мора да се направат за да нема недоумица во делот на нашата работа. За начинот како настанала смртта ќе каже обвинителството откога ќе ги комплетира сите доказни материјали“, изјави за НОВА Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина.

Познатата 53 годишна лекарка и професорка на Медицинскииот факултет беше пронајдена мртва со повреди од нож. Повредите биле во пределот на рацете каде што и биле исечени вените, а имала и убодна рана на вратот.Телото на лекарката во нејзиниот дом го пронашол сопругот кој повикал брза помош. Засега случајот се води како незнаена смрт.

 

 

 

31.05.2017 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега