Познат идентитетот на атентаторот на Тодоров

Попладнево се случи обид за атентат на екс-министерот за здравство, Никола Тодоров. Обидот за атентат го извршил 57-годишниот Љупчо Стојановски од Велес, кој веднаш бил приведен, дознава Вест.

Никола Тодоров бил пресретнат на скалите пред Министерството за здравство, во моментот кога доаѓал на примопредавање на должноста, дозна пресс24 од свои извори.Според информациите, напаѓачот чекал на скалите и кога дошол Тодоров испалил еден куршум кон него, а обезбедувањето веднаш реагирало и го повлекло Тодоров кон Министерството, а напаѓачот успеал да испука уште еден куршум, по што бил совладан од припадниците на МВР.

 

 

 

 

 

 

01.06.2017 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега